Еуроген

Приплодни свињи

Еуроген ДООЕЛ од с.Јурумлери како официјален дистрибутер на Топигс Норсвин во Република Македонија овозможува достапност до приплодни свињи од програмата на оваа реномирана одгледувачка компанија.

Приплодните назимки Ф1 (Топигс 40) се произведуваат во нашата земја во Фарма Папу ДООЕЛ, свињарска фарма од с.Белчишта Охридско кој официјално регистрирана организација на одгледувачи на свињи. Според лиценца на Топигс Норсвин и строга контрола на Еурген ДООЕЛ во оваа успешна нуклеус фарма, тековно се произведуваат комерцијални приплодни назимки за потребите на македонските фарми.

Дополнително, од СПФ (Свињи ослободени од специфични заболувања) нуклеус фарми од Европа (Франција, Германија, Унгарија и Чешка) е можна набавка на високо-квалитетни нерези и назимки (чисторасни и крстоски) од програмата на Топигс-Норсвин преку Еуроген ДООЕЛ. Во продолжеток најдете ги приплодните назимки и нерези од повеќе линии кои се на располагање.

topigs40

Topigs40

Topigs 40 е маторица базирана на Топигс Норсвин Јоркшир линии.
Топигс 40 се одликува со:

  • Робусност и одличен апетит,
  • Добри перформанси дури и во тешки услови на чување,
  • Јасни знаци на еструс,
  • Мала потреба од работна рака,
  • Добар формат, силни нозе и долговечност,
  • Економично производство на гоеници со висок
    квалитет на месото.

topigs20

Topigs20

Topigs 20 е маторица базирана на Топигс Норсвин Јоркшир и Ландрас линии.
Топигс 20 се одликува со:

  • висока плодност,
  • голем број на живородени прасиња,
  • одлична мајчинска способнст,
  • мирен темперамент и цврст формат,
  • производство на гоеници со висок прираст, добра конверзија
    на храна и оптимален % на месо.

talent

Talent

Потомците на Талент нерезот (тип на Дурок) доминираат во периодот на гоење, преку комбинирање на висока ефикасност во исхраната и висок квалитет на трупот и месото.
Талент гоениците:

  • имаат супериорен дневен прираст и конверзија на храна,
  • се погодни за сите системи на исхрана: течна и сува или слободна и рестриктивна,
  • се униформни и витални,
  • имаат  висок % на месо и одлични шунки и
  •  имаат висок квалитет на труп и месо.

Topigs Tempo

Topigs Tempo

Tempo (тип на Јоркшир) е нерез чие потомство се одликува со значајна виталност. Темпо гоениците растат брзо,  тие се силни и робусни од раѓање до испорака на пазар.
Темпо гоениците:

  • се многу отпорни и робусни со низок морталитет,
  • имаат висок дневен прираст и униформност,
  • добро се вклопуваат во различни системи на исхрана дури и кога храната не е висок квалитет,
  • отпорни на тешки услови на чување преку одржување на висок апетит и
  • имаат одличен квалитет на месото, особено кременадлите.

Topigs Top Pi

Topigs Top Pi

Top Pi (тип на Пиетрен) е нерез чие потомство се одликува со висок % на месо во трупот.
Топпи гоениците:

  • имаат висока вредност на трупот,
  • имаат тенка грбна сланина и големо филе,
  • имаат висок дневен прираст,
  • се стрес негативни (PSS слободни) и
  • се со атрактивна конформација на трупот.

За повеќе информации:  http://topigsnorsvin.mk

slika1 slika2
Copyrights © 2015. Еуроген ДООЕЛ