Еуроген

Спермални дози

laboratorija aparat sertifikat spermatozoidi

Еуроген Дооел е прв регистриран центар за вештачко осеменување на свињи според Законот за ветеринарно здравство, заведен во регистарот на Агенција за храна и ветеринарсто при МЗШВ на Република Македонија под број МК 001,
Од 2001 година до денес континуирана соработка со Топигс Интернационал од Холандија.
Договор за соработка со Факултетот за ветеринарна медицина (УКИМ) во Скопје – Катедра за репродукција од 2012 година за супер-контрола на семето со помош на CASA (Computer Assisted Semen Analysis).
Центарот располага со високо-квалитетни нерези од мајчински и татковски линии. Татковските (терминалните линии од кои што може да се набават спермални дози се:

priplodni svinji

Центарот за вештачко осеменување Еуроген ДООЕЛ спроведува највисоки стандарди на производна пракса врз основа на технологијата препорачана од AIM Worldwide фирма ќерка на Topigs International и тоа:

  • Употреба на специјален разредител за свинско семе – SolusemR ,
  • Био-сигурност и здравствена заштита,
  • Хигиена и контрола на бактериолошка контаминација,

Оценка на квалитетот на спермата според истиот стандард подразбира:

  • Следливост на производените еакулати (единствен идентификациски број),
  • Контрола на одржливоста на спермата (примероци за проверка на секој еакулат по 72 часа),
  • Контрола на температурите на чување и транспорт на семе,
  • Контрола на морфологијата на спермата по нерез,
  • АИМ голд стандард – калибрација на апарати за оценка на концентрацијата на спермата,
  • Индивидуална историја на секој нерез според датуми на производство...

Спермалните дози произведени од Центарот за В.О. ЕУРОГЕН пред пуштање во промет ги задоволуваат  следните минимални стандари на квалитет и тоа:

  • Свежа сперма со рок на траење од 72 часа од датумот за производство,
  • Вкупна концетрација од 2,5 милјарди сперматозоиди во 80 мл спермална доза,
  • Нето тежина од 79-81 грами (80± 2 грами) на една доза,
  • 70% живи сперматозоиди и 70% прогресивна покретливост (AIM score),
  • Нула (0) – колонии на бактерии засеани на агар и инкубирани на  360C,
  • Без или со вкупни морфолошки дефенти (примарни и секундарни) до 30%,
  • Температура на спермата пред испорака од 17- 200C,
  • Видливо обележана доза со информации за: датата на производство, единствениот идентификациски број и генотипот на нерезот.
slika1 slika2
Copyrights © 2015. Еуроген ДООЕЛ